Ансамблот МАКЕДОНИЈА претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар – професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции. Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на Традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење.
Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје.
За сценско презентирање, ансамблот располага и со автентични традиционални носии од различните етнички предели во Македонија, нагласени преку различни социјални атрибути и реквизити, прикажувајќи ги различните социјални статуси во културата на живеење.
Облековниот инвентар на Ансамблот Македонија се презентира и преку различни модни стилови карактеристични за историското минато на македонската култура. Модни стилови карактеристични за градските центри како ала Турка од крајот на XIX и поч. На ХХ век со турско-ориенталното влијание во облековната култура, како и ала Франга – западноевропскиот градски моден стил од почетокот на ХХ век.
На целовечерниот концертот на Ансамблот МАКЕДОНИЈА, насловен како АНСАМБЛ МАКЕДОНИЈА СО ВАС, ќе имате прилика да уживате во звуците на чалгијата од градските центри: Тетово, Битола, Скопје, Велес, Струга и Охрид, претставувајќи ни ги Градските игри и песни.
Проект поддржан од Министерството за Култура на Република Македонија.
04.11.2025 г. (Вторник), 19:00 ч.
Влез: Слободен.


