Концерт на DJ TIESTO во Скопје во јуни

Сподели
 
КОНЕЧНО ВО СКОПЈЕ! 16-ти јуни, Стадион на АРМ
 
TIESTO доаѓа во Скопје на 16-ти јуни на стадионот на АРМ, поголем од било кога досега и неговиот настап е ексклузивен, ако се земе во предвид дека последниве неколку години настапува или во Америка или само на големи фестивали какви што се Ultra Music и Tomorrowland и селективни соло настапи низ Европа, информираат од Авалон Продукција.
 
 
 
 
На светската музичка сцена TIESTO важи за многу повеќе од диџеј и продуцент, статус што го заслужи уривајќи ги сите рекорди за секое негово издание. TIESTO е единствениот артист кој гордо и заслужено во последниве неколку години ги носи титулите, „The Pope of EDM“ и „The greatest DJ of all time“, според магазинот Mixmag, „No. 1 DJ“ според магазинот Rolling Stone и „The Godfather of EDM“ според Billboard. Светот одамна не памети поголем хит и повртена трака од “THE BUSINESS”- издание со милионски прегледи кое ги покори светските топ листи.
 
Се разбира дека настапот на TIESTO во Скопје ќе биде проследен со светска продукција, звук и светло и се разбира дека сме горди што македонската и регионалната публика ќе уживаат во многуте негови хитови, меѓу кои и: „The Business“, „The Motto“, „Don`t be shy“, „BOOM“, „Ritual“, „Secrets“ и уште многу други.
 
Влезниците за овој ексклузивен настан кој ќе биде со ограничен капацитет ќе бидат пуштени во продажба во петок, 18-ти февруари во 09 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на www.avalon.mk по следниве цени и категории:
ПАРТЕР: 1.500 денари
ФАН ПИТ: 2.000 денари (само 1.000 влезници во продажба)
ВИП: 3.000 денари (само 300 влезници)