Концерт на “EFTERKLANG “на зајдисонце во Крушево!

Сподели

 

МКЦ ве кани на концерт на музичката група ЕFTERKLANG во прекрасното Крушево! На наша огромна возбуда и нескриено задоволство ви го најавуваме проектот EFTERKLANG MAKEDONIUM BAND
 
Музичката група EFTERKLANG од Копенхаген, Данска ќе престојува на музичка резиденција во Скопје од 23-29 април, каде во текот својот престој, во соработка со неколку локални музичари кои допрва ќе ги најавиме, ќе работат на заедничка музика. Музичкото дело, премиерно ќе биде изведено на 30 април (недела) во Крушево, пред споменикот Македониумот, таман на зајдисонце.
Концертот ќе започне во 17:00 часот, а влезот е отворен и слободно можеме да додадеме: задолжителен.
Ако случајно сретнете неколкумина Данци деновиве низ Скопје, слободно кажете им “HEJ!” – the simplest Danish greeting според Алекса.
Не го пропуштајте овој единствен и магичен музички повик за будење на пролетта во едно од најпезажните места во нашата прекрасна држава. Да сме таму, да отпатуваме.
 
Поддржано од Goethe Institute и Министерство за култура на РСМ.