Концерт на првиот Инклузивен градски хор

Сподели

 

Првиот концерт на Првиот Инклузивен градски хор на Трисомија 21, ќе се одржи вечерва со почеток во 18:30 часот на ПЛОЧНИК – Градски ѕид, Блок13 потегот околу Соборен храм, позади Клуб на новинари.
 
Преку опејување на хитови од македонската народна и забавна музика ќе го разбудиме градот од попладневна дремка со детски вик за радост да му краси лик. Дојдете, запејте, исклучете се од реалноста, вклучете се во стварноста на песни в здружен фат!
 
Учесници: Марио, Стефан, Ена, Матеј, Филип, Илина, Оли, Ники, Бети, Даре и Коста.
 
Хорот е создаден во заедничка соработка и менторство на Колектив Ветерница и е подржан од Град Скопје. Плакатот за настанот е на Владимир Лукаш.