Копа Америка 2016: САД избори 1/2 финале, победа против Еквадор со 2-1!

Сподели

На Копа Америка 2016 во САД започна битката за влез во полуфиналето.

демпси

Синоќа се одигра првиот натпревар каде домаќините селекцијата на САД со 2-1 успеа да ја победи репрезентацијата на Еквадот и да се пласираа во полуфиналето на Копа Америка.

Херој на мечот беше 33-годишниот Клинт Демпси. Најпрво американците поведоа со голот во 22 минута со голот на Демпси, а истиот играч беше најзаслужен и за водството од 2-0 во 66 минута.

По неговиот удар одбиената топка во мрежата ја спроведе 24-годишниот крилен напаѓач на ЛА Галакси, Гизи Зардес.

сад-еквадор

Еквадор до крајот на мечот успеа само да го ублажи поразот со погодокот на  Мајкл Аројо во 74 минута.

САД во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Аргентина и Венецуела.

Инсерти од мечот…

The post Копа Америка 2016: САД избори 1/2 финале, победа против Еквадор со 2-1! appeared first on Спорти.


Source: Sporty