Костадинов: Преку разговори и здрав разум да се дојде до заедничко решение со Бугарија

Сподели

 

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, на денешната прес-конференција одговараше на новинарско прашање за спорот со Бугарија.

Новинарско прашање: Дали вашиот претседател Заев, ве информираше околу вчерашните разговори во Софија, околу спорот и воедно како ги коментирате изјавите на Каракачанов кој вчеравечер па и утринава излезе со исклучително тврди ставови од типот дека сме вештачка творба, дека сме коминтеровска творба, дека сме дијалект бугарски и така натаму?

 

 

Костадинов: Секако дека таквите изјави ги отфрламе најсериозно и најодговорно. Нашите позиции во однос на разговорите се сосема јасни, дека ние за нашиот идентитет и за нашиот јазик македонски, не преговараме. Во овие ситуации исклучително е важно и од наша страна и од бугарска страна да владее разумот и да владеат европски манири, нешто за коешто стремиме и двете држави. Јас сум сигурен дека по пат на разговор со здрав разум треба да се даде шанса на разговорите и конечно да се изнајде можно решение.