Костовски од СДСМ бара јавно да се објави кои политичари поседуваат бугарски пасоши

Сподели

 

Пратеникот од СДСМ Мартин Костовски, на својот официјален ФБ профил бара сите политичари, пратеници, функционери и креатори на јавното мислење да се проверат и објават јавно кој има двојно, кој само македонско државјанство.

“Јавно да ги објавиме сите политичари своите анкетни листови и народот да види кој што поседува. Посебно тие со бугарски пасоши. Да знаат граѓаните со кого си имаат работа, кој им продава патриотизам, а има резервна држава. Доста лажни патриоти продаваат патриотизам и сеат магла. ЈАВНО ДА ВИДИМЕ КОЈ Е ЧЕСЕН А КОЈ НЕ”, пишува Костовски.