Алтернатива Вести Македонија Настани Ударни вести

ИЛИНДЕН: Каталог “Записи од АСНОМ” од Боро Бунтески

Сподели:

 

Во пресрет на големиот државен  празник Илинден, ви го претставуваме каталогот “Записи од АСНОМ”, од истоимената изложба од 2020 година, автор Боро Бунтески. Каталогот може да се погледне на следниот линк
 
Првото заседание на АСНОМ е одржано во манастирот “Прохор Пчињски” на 2 август 1944 година. АСНОМ е формирано како највисоко законодавно и извршно тело кое носело одлуки за конституирањето и развојот на македонската држава.
 
 
 
 
Правото на македонскиот народ на самоопределување, остварено во текот на Втората светска војна, заедно со силите на антифашистичката коалиција е потврдено на Првото заседание на АСНОМ што претставува историски факт.
 
 
 
 
Слободно Скопје е местото на одржување на Второто заседание на АСНОМ (28 – 31.12. 1944 год.), на кое се донесени значајни решенија за изградбата на новата народна власт, за организирана работа на народноослободителните одбори на федералната македонска држава, за кооптирање членови на АСНОМ, за основање на суд за судење на престапите против македонското национална чест, за одобрување на работата на Президиумот меѓу двете заседанија.
 
 
 
 
На Третото заседание на АСНОМ (14 -16.4.1945 год.), донесени се одлуки со кои формално се воспоставува уставно-правна основа, на која ќе се заснова идната македонска држава.
 
 
 
Одлуките на АСНОМ донесоа нова епоха во културниот развој на новоформираната македонска држава.
 
Сподели: