Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Ковачевски: Безбедноста во државата е стабилна, дојавите за бомбите се од странство

Сподели:

 

“Безбедносната состојба во државата е стабилна, а МВР целосно и успешно ја врши својата работа за да ја гарантира безбедноста на секој граѓанин. Што се однесува до монструозниот чин на дојава на бомби, која прво започна во автобусите на ЈСП, потоа по училиштата во Скопје и во некои други градови, а во последниве денови се проширија во трговски центри и во поголеми станбени згради, тие се секогаш поврзани со јавноста, која впрочем е еден од клучните работи во делот на тероризмот”, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Според премиерот, регионот е изложен на хибридни напади кои временски се поклопуваат со развојот на војната во Украина.

– Кај голем дел од овие дојави се работи за WPN врски, хостирани во странство при што, речиси апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓа дојавата, бидејќи WPN се приватни виртуелни мрежи хостирани во странски држави и затоа се работи со партнерските служби за нивно решавање, изјави премиерот Ковачевски на денешната прес-конференција.

Сподели: