Ковачевски: Честит 11 Октомври – Денот на народното востание

Сподели

 

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, на сите граѓани на Република Северна Македонија, го честита големиот државен празник 11 Октомври – Денот на народното востание.

„Благодарение на успехот во НОБ, постои денешна, современа и независна, демократска, евроатлантска Република Северна Македонија. Затоа 11-ти октомври 1941-та година, кога започнува македонското народноослободително антифашистичко востание, бил, е и ќе биде секогаш на светлите страници на македонската историја.

Македонските борци, со непокорот уште од 1903 година и успехот во Народноослободителната борба во 1944 година, го трасираат патот до слободата и државноста, но и на македонскиот напредок.

Исто како партизаните, едни до други и едни со други, да останеме цврсти и обединети по патот напред. Да ја внесеме државата во ЕУ и да ги донесеме европските стандарди во родната земја. Да одговориме на аманетот и нашата света должност – денес ние, да создадеме иднина за следните генерации!“, порача во чест на денешниот државен празник, премиерот Ковачевски.