Вести Македонија Став Ударни вести

Ковачевски и Зечевиќ да одговорат за улогата на Зарко Милошевски на 27 април 2017

Сподели:

 

Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ се уште не даваат конкретни одговори за именувањето на Зарко Милошевски за наследник на Виктор Димовски во АНБ, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошевски не е непознат во безбедносните служби, ниту е нов, па затоа Ковачевски и Зечевиќ должат низа одговори за неговото именување.

Ковачевски и Зечевиќ, би требало да одговорат и за улогата на Зарко Милошевски за случувањата на 27 април 2017 година?
Дали Зарко Милошевски и тогаш е началник на единицата за екстремизам при УБК? Дали и тогаш бил меѓу најблиските соработници на врвот на УБК?
Повеќемина од УБК меѓу кои и директорот на УБК минаа низ обвиненија и судски процеси, но не и Зарко Милошевски, началник за екстремизам, во случаи за наводен тероризам?

Ковачевски и Зечевиќ не смеат да продолжат да молчат за прашањата со именувањето на Зарко Милошевски за директор на АНБ. Прашања за скандалот Онишченко, прашања за нелегалното прислушување, прашања за улогата на Зарко Милошевски во Диво насеље? Молкот за секое прашање е нова црна дамка врз довербата во институцијата.

Македонија тоне во криминал и корупција, тоне судско обвинителскиот систем, тоне и безбедносниот систем, само и само заради политикантство и партизација на институциите заради лукративни побуди.

СООПШТЕНИЕ, ВМРО-ДПМНЕ 

Сподели: