Ковачевски ќе се обрати на расправата за Информацијата за предлог преговарачката рамка

Сподели

 

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на 81-та седница на Собранието на која ќе се расправа за Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија.

– За одлуката во Собранието, очекувам плодна и суштинска дискусија, очекувам дека пратениците ќе бидат на ниво на задачата, која е пред нив и дека ќе размислуваат државнички и трезвено, како им доликува, како претставници на народот, а не само на политичките партии, изјави вчера премиерот Ковачевски.

Ковачевски нагласи дека во Собранието најпрво ќе се отвори дискусија, а потоа и ќе се донесат заклучоците, со кои ќе се задолжи Владата да постапува согласно одредени принципи од кои нема да смее да отстапи, а сѐ со цел заштита на позициите, кои, како што рече, нам како држава ни се најважни во целиот овој процес.