Власта преку Собранието сака да носи веќе донесена одлука, браната за Уставните измени е ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

 

Власта преку Собранието сака да носи веќе донесена одлука, браната за Уставните измени е ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски ги тера пратениците од СДСМ и помалите партии од коалицијата да гласаат за предлогот во Собрание, затоа што сака да сподели одговорност со пратениците кои ги гледа само како гласачка машина, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тоа што власта го става предлогот на дневен ред во Собрание е само театар. Ковачевски, СДСМ и ДУИ немаат 2/3 мнозинство и нема да имаат.

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи Уставни промени. Овој предлог на Ковачевски е на штета на Македонските интереси, и затоа тој треба да биде отфрлен, а не да се тераат пратениците од власта на сила да го гласаат.

СДСМ треба да знае дека што и да прават Уставот не може да го сменат. ВМРО-ДПМНЕ е на линија на националните интереси и нема да дозволи бугаризација по рецептот на Ковачевски.