Женска лидерска Конференција „ЈАС СУМ ЖЕНА“ во МКЦ

Сподели

 

Првата Глобална Женска Лидерска Конференија „Јас Сум Жена“ се организира со цел да се претстави позицијата на жената во современото македонско општество, како и кои се предностите и предизвиците со кои се соочуваат Македонките, во и надвор од Македонија.
 
Младински културен центар 20-21 јули.
 
Темите кои ги опфаќа конференцијата се поделени во четири области и тоа:
 
Македонките и Кариерните Стереотипи;
Македонките во Светот;
Македонките во бизнис и мултимедиа;
Македонки на јавни функции.
Следејќи ја моменталната ситуација во Македонија, убедени сме дека овие теми предизвикуваат посебен интерес, посебно кога се претставени и надополнети со лични сведоштва на истакнати и етаблирани жени во својата професионална кариера со забележан успех при балансирањето на професионалните ангажмани и приватниот живот, правејќи ги позитивни и инспиративни примери во областа во која дејствуваат професионално, но и во целокупниот општествен и социјален живот.
 
Конференцијата „Јас Сум Жена“ е од едукативен и вмрежувачки карактер, која ќе се одржува еднаш годишно. Во периодите од една до друга конференција, се планирани работилници со цел да се опфатат сите жени од општествениот и социјален живот во Македонија. Ви препорачуваме да ја следите нашата веб страна и социјални мрежи за најави за следни активности.
 
Конференцијата „Јас Сум Жена“ е организирана од 3 млади жени, ентузијасти за унапредување на правата и положбата на жените во Македонија: Ана Дукоска основачка на иницијативата „Македонците во светот“, Илина Пејоска Затуроски, UI/UX дизајнерка и сопственичка на мал бизнис БЕБЕБОКС ДООЕЛ и Катерина Климовска, претседателка на ИСЛАА – алумни асоцијацијата на школата за млади лидери Иванов.