Ковачевски: Минималната плата порасна на над 15.000 денари и ќе продолжи да расте

Сподели

 

“Ако некој бил за зголемување на минималната плата, тогаш тоа е владата на СДСМ и да не заборавиме дека минималната плата беше 9.000 денари а сега е над 15.000 денари”, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. 
 
Претседателот Ковачевски посочи дека тој бил еден од поддржувачите на растот на минималната плата уште во периодот кога бил вклучен во креирањето на Програмата на СДСМ за изборите во 2016 година која потоа се реализираше.
 
„И тогаш и сега сметам дека минималната плата треба да се зголеми низ економско социјален дијалог. Минималната плата не може да биде еднострана административна одлука бидејќи тука се засегнати и компаниите. Владата останува на својата заложба за зголемување на минималната плата. Покачувањето мора да биде низ дијалог и во согласност со сите социјални партнери. Сега во понеделник имаме состанок со синдикатите и со владини преставници. Ние сме за зголемување, но мораме сите да ги слушнеме. Истото беше и со недела за неработен ден. Имаше дебата подолго време, имаше различни ставови, но сепак на крај имавме решение, на кое сите се согласија. Така мора да биде и сега за минималната плата. Ние како Влада сме подготвени, но сакаме учество на сите засегнати во процесот“ порача Ковачевски.