Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Ковачевски: Со новото раководство на СДСМ ќе водиме битка против клиентелизмот

Сподели:

 

“Со големо задоволство информирам дека го избравме новото раководство на СДСМ, нови членови на Централниот одбор и нов Извршен одбор на партијата”, изјави синоќа новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

 

 

“Нови потпретседатели на партијата се Перо Костадинов, Стефан Богоев, Бисера Костадинова Стојчевска и Фатмир Битиќи кој и досега беше на оваа позиција продолжува во уште еден мандат. Нов генерален секретар партијата е Миле Зечевиќ, нов организациски секретар е Вангел Андрески а секретар за меѓународна политика, Бојан Маричиќ. Им честитам на сите и верувам во вашата чесна, посветена и одговорна работа во интерес на граѓаните и СДСМ.

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, го продолжува мандатот кој и го има со изборот на Конгресот.

 

 

Во ИО на СДСМ се:

1. Ана Данева Маркова, угледна докторка од Клиниката за гинекологија.

2. Мишко Ралев, професор, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, се уште актуелен претседател на Асоцијацијата на архитекти.

3. Нина Фити Неделковска, докажан економски екперт со долгогодишно искуство во банкарството, домашно и меѓународно,

4. Снежана Захариева, доктор-специјалист по анестезиологија, дикреторка на Болницата во Куманово, своевремено беше и претседателката на Општинскаа организација, советничка во Советот.

5. Даниела Колева актуелна пратеничка во Собранието, професорка по математика и долгогодишна членка на СДСМ.

6. Милена Стефановиќ, доктор – инфектолог, директорка на Инфективна клиника во најтешката година за нашето здравство.

7. Костадин Костадинов, млад и успешен, од почетоците негови во СДММ па се до денеска, пратеник, член на извршен а од скоро и градоначалник на Струмица.

8. Рената Јајоска, досегашна членка на ИО, поранешна членката на Извршниот одбор на СДММ, советничка, потпретседателка на Младите европски социјалисти.

9. Мелиса Ценовска Серафимовска, дипломиран економист, со искуство во банкарскиот сектор и јавните финансии.

10. Петре Шилегов, поранешен градоначалник на главниот град, пратеник, портпарол и носител на високи партиски функции во СДСМ.

11. Дритан Исмаили, магистар по јавно здравје, Советник во кабинетот на министерот за здравство, од Гостивар.

12. Тања Томиќ, една од водечките македонски експерти за јавни политики, поранешна пратеничка од СДСМ и генерална секретарка на СДММ.

13. Дарко Каевски, пратеник на СДСМ, досегашен член на ИО, поранешен претседател на СДММ.

14. Андреј Петров – поранешен генерален секретар на СДСМ, поранешен градоначалник на општина Карпош и претседател на ЗЕЛС, по професија дерматолог, доцент и вонреден професор.

15. Ивона Кузмановиќ, млада но искусна наша сопартијка од Прилеп, советничка во Советот на општината.

16. Костадин Ацевски, Дипломиран инженер по електротехника, претседател на општинската организација Ѓорче Петров и поранешен пратеник.

17. Никола Рилак, младо докажано име во СДСМ, поранешен потпретседател на СДММ, член на Комисијата за спорт и член на актуелниот состав на СДСМ.

 

 

Првата задача која ја има новото раководство е да состави нова влада и силно да се посветиме на спроведување на владината програмата и политиките. Јас сум оптимист дека новата Влада предводена од СДСМ ќе ја избереме на средината од следниот месец, до 18 јануари.

Пред новата Влада стојат предизвиците за менаџирање на енергетската криза, економската криза предизвикана од пандемијата, како и продолжување на евроинтеграцискиот процес и преговорите со соседна Бугарија.

Започнуваме процес на целосно отфрлање на внатрепартискиот клиентелизам. Одлики на новото раководство ќе бидат: Одговорност, ефикасност во спроведување на ветеното, чесно работење и отчетност. Со личен пример да покажеме што значи правна држава, а не само со реформи и нови закони.

Мора да го вратиме чувството за правда и правичност во општеството. Мора сите да станеме почувствителни на појавите на корупција на сите нивоа и остро да реагираме на нив.

СДСМ започнува ново поглавје во својата историја. Имаме нов тим, сила и енергија за да одговориме на сите предизвици. Очекувањата се големи и одговорноста е голема. Но, со посветена и одговорна работа, со чесно и отчентно работење верувам дека ќе ги оправдаме очекувањата и дека ќе успееме да изградиме силна, економски стабилна и сигурна земја! – Димитар Ковачевски.

Сподели: