Ковачевски во Софија на состанок на шефовите на влади на НАТО земјите од ЈИЕ

Сподели

 

Денеска, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе учествува на состанокот на шефови на влади на НАТО земјите од Југоисточна Европа кој ќе се одржи во Софија, Република Бугарија.

 

 

Состанокот се одржува на покана на бугарскиот премиер Кирил Петков, а покрај премиерот Ковачевски ќе присуствуваат и премиерите на Романија и Црна Гора – Николае Чука и Здравко Кривокапиќ, соопшти службата за информирање на бугарската Влада.

Фокусот на состанокот се предизвиците за регионалната безбедност во контекст на руската инвазија и зајакнување на регионалната соработка во земјите од Југоисточна Европа, а шефовите на владите ќе разменат мислења и за последиците од конфликтот во сферите на безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок.