ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Пообилни врнежи ќе има попладне во западните и северните делови од Републиката.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12 степени.

Во вторник ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен ветер. Во среда врнежи ќе има претежно во западните делови. Значително заладување од УХМР очекуваат од четврток, поради што врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.