Коѕијас: „Ние нема да ја крстиме оваа земја”

Сподели

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас е уверен дека до јуни ќе се реши прашањето за името. Тој во интервју за новинската агенција Ројтерс оценува дека тоа е во интерес и на Грција и на регионот.

Министерот Коѕијас исто така повторува дека спогодбата што Грција ќе и ја достави на Македонија нема да биде текст што ќе ги содржи само грчките ставови, ниту пак завршен договор, туку ќе биде основа врз која ќе може да започне соработка.

„Сакаме да го решиме. Тоа е во наш национален интерес и во интересите на регионот, за стабилност, безбедност и економски раст“, изјави Коѕијас за Ројтерс и додава дека постои нов моментум по промената на власта во Македонија.

„Ние нема да ја крстиме оваа земја. Оваа земја го содржи името Македонија и всушност за 140 земји е без непријателски склоности. Она што го правиме денес е како свадба. Тоа е како жена која на нејзината свадба се прашува дали, освен своето презиме, исто така ќе го прифати и презимето на нејзиниот сопруг“, изјави Коѕијас.