Краделе дрва, па се обиделе да прегазат вработени од шумското стопанство

Сподели:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против три лица од с.Црник, општина Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Тие на 06.05.2026 на место викано „Турски гробишта“, со земјоделска машина-трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во Шумско подрачно стопанство „Равна река“, кои ги затекнале пријавените при бесправна сеча на дрва. 

Сподели: