Вести Изјави Македонија Ударни вести

Приватните превозници со блокада до исплата на долгот кон нив

Сподели:

 

Координативното тело на приватните превозници донесе одлука со која утре, со почеток во 6 часот ќе бидат блокирани Илинденска, од семафорите после Влада до МИ-ДА.

Блокирањето ќе биде со паркирање на 200 автобуси и тоа само на десните ленти.

Според Ленин Јовановски, бидејќи не е постигнат договор со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈСП Александар Стојковски за исплата на долгот што го побаруваат превозниците, доколку не се постигне договор до понеделник, приватните превозници ќе ги блокираат крстосниците кај „Мавровка“, „Црвен крст“ и „Илинденска“.

– Утрешниот ден ќе покаже дали ќе има некаков исход или блокадата ќе продолжи и во текот на викендот и почетокот на следната недела, рече Јовановски.

 

Сподели: