Мал спортски авион денеска се урнал во областа Медулин, јавија хрватските медиуми.
“На 4 јуни во 11:18 часот, примена е пријава за пад на мал авион во областа Кампанож (во близина на аеродромот Медулин). Пријавата е потврдена, сите служби за итни случаи (полиција, брза помош и пожарникари) се на местото на настанот и преземаат мерки и дејствија во рамките на нивната надлежност”, соопшти хрватската полиција.
Според првичните вести, во авионската несреќа загинале четири лица, додека по две лица сè уште се трага.
фото скриншот


