Кривичен ја укина мерката куќен притвор на Стевчо Јакимовски

Сподели

 

Кривичниот суд во Скопје му ја укина мерката куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

” Заради интерес на повеќе медиуми околу мерката за обезбедување присуство за С.Ј. кој по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 19 март 2019 година се наоѓа во куќен притвор, ја информираме јавноста дека од надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка на 12.09.2019 година доставен е предлог за укинување на мерката куќен притвор и определување мерки за претпазлвиост. По разгледување и ценење на предлогот истиот е уважен од судија и мерката куќен притвор е укината, а определени се други поблаги мерки за претпазливост – соопштуваат од Судот.

Јакимовски од март оваа година е во куќен притвор откако беше осомничен дека заедно со уште четири лица сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, во периодот од 2011 до 2017 година.