Кривична пријава против насилникот од Охрид, кој ја претепа неговата девојка

Сподели:

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.К.(31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 3 од Кривичниот законик.

На 15.11.2026 околу 02:00 часот, по претходна расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, пријавениот во возилото физички ја нападнал неговата 26-годишна девојка од охридско. Откако го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Преземени се мерки и набргу по настанот, во 05:05 часот К.К е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Додека, по барање на ОЈО, Основен суд во Охрид донесе решение и му изрече мерки на претпазливост.

Во врска со настанот, на 15.11.2026 во 08:50 часот во СВР Охрид, Љ.К.(51) од Охрид, мајка на К.К., пријави дека Љ.Ѓ.(49), татко на девојката, на мобилен телефон упатил закани на нејзиниот син К.К. и на целото семејство, по што истиот ден во 13:20 часот во Охрид и тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Против него, исто така, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели: