Изложба ” Живот за уметноста” од Александар В. Настески и Ивана Настески

Сподели:

Вечерва, со почеток од 17 часот, во галериско-изложбениот простор на Метаноја галерија – Metanoja Gallery – Скопје ќе биде отворањето на изложбата ” Живот за уметноста” од академскиот сликар Александар В. Настески и Ивана Настески.

Оваа изложба, претставува своевиден омаж на сликарството на Александар В. Настески. Дел од неговите изложени слики за првпат ќе бидат изложени во Македонија. Тие досега биле претставени само пред публиката во Италија.

Поставката на академскиот сликар Александар В. Настески е со хронолошки след на неговите дела каде се насликани тетовските маала, порти, невести, како и сакралните објекти на само нему својствен начин, преку сликите со тематика од праисторијата кои се првпат претставени пред јавноста. Ова е исклучително важен потег, имајќи го предвид раскошното и живописно творештво на Настески.

Графиките на Ивана Настески, се надополнуваат со делата на нејзиниот татко, взаемно поддржувајќи се особено во тематска смисла.

Ивана Настески, родена е во 1981година во Тетово. Факултет за Ликовна Уметност завршува 2004 (Скопје) а пост-дипломски студии (оддел графика и графички техники) на истиот Факултет 2009 (Скопје).
Самостојни изложби: Тетово, Скопје,Охрид, Кавадарци, Прилеп, Белград,Шабац и Дрезден (Германија).
Групни изложби :Белград, Нови Сад, Шабац, Москва ( Русија) , Патра ( Грција) Мајами ( Америка), Португалија, Кина, Швајцарија, Мексико,Шпанија како и на бројни меѓународни графички биенални и триенални изложби.

Член е на ДЛУМ (Друштво на Ликовни Уметници на Македонија) од 2009.
Награди:
-Гран При за графика на Македонија, 2010
-Откупна награда на град Шабац (Србија), 2009
-Откупна награда на Inaternational Small Graphic Biennial – Tetovo, 2008

Дојдете да ја почувствувате, магијата на праисторијата како и Тетово кое живее само во сликите на Александар Настевски и да ги погледнете графиките на Ивана Настевски.

Сподели: