Кривична пријава за лекар кој издавал лажни негативни ПЦР тестови

Сподели

 

Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар денеска (23.03.2021) поднесе кривична пријава против Е.М.(45) од гостиварско Чегране, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека на 7 и 9 март,  како лекар во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ на две лица им изготвил лажни негативни ПЦР тестови, кои им биле потребни за патување во странство и им наплатил 3000, односно 1500 денари или вкупно 4500 денари.
Е.М., кој вчера (22.03.2021) бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, a со кривичната пријава денеска ќе биде однесен пред Јавен обвинител.