ЗАСИЛЕН СТРАНСКИ ПРИТИСОК

Сподели

На денот кога Уставниот суд ја “замрзна” одлуката за самораспуштање на македонскиот парламент, по што беше итно свикана негова седница, во Скопје престојуваше високиот американски функционер Хојт Ји, кому подоцна му се приклучи и специјалниот германски претставник Јоханес Хајндл. Тие водеа посебни разговори со лидерите на најважните политички партии во земјата но, и со претставници на одделни граѓански организации, во настојување преку засилен притисок да се изнајде што побрзо решение на политичката криза.

Строго воздржани за резултатите од нивните разговори, тие кратко прокоментираа дека се на ставот на високите претставници на ЕУ, Федерика Могерини и Јоханес Ханс  оти “партиските лидери мора да ги стават државните интереси над партиските” во надминувањето на кризата

.7 dena 23.05