Кривична за „загрозување на сигурноста“ поради семејно насилство

Сподели:

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.Ц. (56) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144, став 3 од КЗ.

Пријавениот, подолг временски период, под дејство на алкохол, вршел психичко и физичко насилство врз членовите од неговото семејство, а на 11.07.2026 година психички ја малтретирал својата сопруга и се обидел физички да ја нападне.

П.Ц. е пренесен во Психијатриската болница Демир Хисар, информираат од МВР.

фото МВР

Сподели: