Изложба „Архитектура на невидливото“ на Страхил М. Петровски во КИЦ во Софија

Сподели:

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија на 16 јули во 18:30 часот ќе биде отворена изложбата „Архитектура на невидливото“ од македонскиот визуелен и мултимедијален уметник Страхил М. Петровски.

Изложбата претставува циклус дела што преку апстрактен ликовен израз ги истражуваат односите меѓу материјата, просторот, светлината и визуелната перцепција, нудејќи современ и автентичен авторски пристап кон сликарството.

За творештвото на Страхил М. Петровски и за концептот на изложбата ќе говори проф. д-р Зоран Пејковски, директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија.

Изложбата е дел од програмските активности на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, насочени кон промоција на современата македонска ликовна уметност и нејзина меѓународна афирмација.

Сподели: