На 24.09.2026 во 14 часот во село Калаузлија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода А.А.(68) од истото село.
Тој се сомничи дека околу 12:30 часот на место викано „Голема река“ во атар на село Калаузлија подметнал пожар кој зафатил нискостеблеста шума и сува трева.
По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Во Полициската станица Радовиш А.А го признал делото.
Известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
фото МВР


