Вечерва, со почеток од 19 часот, во Ликовната галерија на НУ ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Градот во мене“ на академскиот уметник Александар Џинго.
На изложбата ќе бидат претставени дела од најновиот циклус на Џинго, во кои се преплетуваат академскиот реализам и современата апстракција, со акцент на човечката фигура, емоциите и личното доживување.
Александар Џинго е роден во Прилеп во 1976 година, а магистрирал ликовна графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во своето творештво работи во повеќе области, меѓу кои: графика, сликарство, моден дизајн и костимографија.


