Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Кривични пријави против министри за локална самоуправа

Сподели:

 

Управата за финансиска полиција до ОЈО поднесе кривична пријава против  министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, како и за неговиот претходник Лирим Шабани, министер за локална самоуправа во периодот 2015-2017 година..

Управата за финансиска полиција ги товари актуелниот и претходниот министер, и други две лица вработени во министерството за договори со кои добиле хонорари во вкупен износ од 2,2 милиони денари (35.750 евра).

Од Финансиска полиција објаснуваат дека оваа малверзација ја открил Ревизорскиот извештај бр. 2007СВ161РО007-2009-ТА-006, со кој е утврдена незаконска исплата на вработени што биле ангажирани како експерти. Според Државниот завод за ревизија, станувало збор за 2.198.243 денари (35.571 евра), кои Министерството за локална самоуправа ги вратило на ИПА Фондовите, а со тоа предизвикало штета на сопствениот буџет.

Сподели: