Крмов: Дали планирате да обезбедите соодветен третман кочанската болница?

Сподели

На вчерашната седница за опозициски пратенички прашања, пратеникот Борислав КРМОВ од ЛЕВИЦА, го отвори прашањето и за катастрофалната состојба во Кочанската болница која е неопремена и во која има несоодветни услови и недоволно медицински кадар.

Крмов истакна дека сите средства од лепенки, креми, компресивни ракавици до опрема за физикална терапија и хипербарната комора се ДОНАЦИИ, додека Владата не обезбедила речиси ништо од потребната медицинска опрема. Дури и приватните болници, кои на почетокот понудија третман без наплата, бараат по 300 евра за едноставна преврска.

Родителите на пациентите се оставени без помош, многумина се принудени да дадат отказ или се избркани од работа поради обврски околу грижата за нивните децата, а досега нема НИКАКОВ системски одговор од државата.

Крмов директно го праша вицепремиерот (во отсуство на Мицкоски) дали Владата планира целосна реорганизација на Кочанската болница, вклучително со итна набавка на медицинска опрема и обезбедување на кадар, со цел пациентите конечно да добијат човечки третман.

*Прашањето не наиде на одговор на вчерашната седница.