Куба ги легализираше малите и средни приватни претпријатија

Сподели

 

3401470340_140d35e692_zВластите на Куба објавија дека ги легализирале малите и средни приватни претпријатија што е нова фаза во реформите кои се спроведуваат од кога е претседател Раул Кастро, кој го презеде управувањето со земјата од својот брат Фидел во 2008 година.

Раул Кастро се обидува да го поттикне растот на слабата кубанска економија, но е соочен со отпорот на лидерот на Комунистичката партија на Куба.

Куба почна да се отвора за странски инвеститори благодарение на обновување на односите со САД минатата година.

Властите дозволуваат самовработување во неколку стотина работни категории од ресторани до фризерски работи.

Аналитичарите сметаат дека оваа промена е знак дека властите признаваат дека приватното претприемаштво ќе има значајна улога во иднината, но главните средства за производство и понатаму ќе останат во рацете на државата.

http://meta.mk/kuba-gi-legalizirashe-malite-i-sredni-privatni-pretprijatija/