Куклена претстава „Другарство“ во Паблик рум

Сподели

 

Public room, 29. октомври, куклена претстава “Другарство”

Куклената претстава „Другарство“ е интерактивна претстава за најмалата публика, во која темата е другарството и сето она што го подразбира вистинскиот другарски однос.
 
Претставта има за цел да ги едуцира децата и поттикне да реагираат и побараат помош, доколку се жртва на врсничко насилство, или доколку забележат знаци на булинг во средината која ги опкружува.
 
Меѓусебното отуѓување на децата, поради новиот начин на живот, наречен „дигитализација“ е една од темите кои се опфатени во оваа претстава. Во минатото под поимот другарство се подразбираше некој, со кого постојано си заедно, си кажуваш тајни, играте надвор криенка, ластик, фудбал и други игри, во денешно време зад поимот другарство се крие некој, кој дури и немораш ни да го познаваш, туку поминувате заедно време преку игри на компјутер или на телефон и на тој начин комуницирате, укажувајќи им на децата, дека поминатото време надвор, со своите другари, ништо не може да го замени. Низ сите неволји и тајни низ кои минуваат овие наши карактери, вклучувајќи го и булингот, кој не подразбира само физичко малтретирање туку и навреди, омаловажување, уцени и други видови на психичка пресија, децата ќе увидат дека некој што го познааш само преку компјутер, не може да ти помогне, како некој кој постојано е со тебе. Низ игра, смеа и детски лудости, ќе ги потикнеме дечињата на игра – надвор од своите четири ѕида.
 
 
Играат: МИРЈАНА РИСТОВ, РОБЕРТ РИСТОВ, РАДО АЛЕКСОВСКИ
и РОБЕРТ РИСТОВ
ДИЗАЈН И ИЗРАБОТКА НА КУКЛИ: ЦВЕТИН АНИЧИЌ
СЦЕНОГРАФИЈА: РОБЕРТ РИСТОВ
АУДИО ПРОДУЦЕНТ: ГОРАН ПАЈАК ТРИФУНОВСКИ
ДИЗАЈН НА ПЛАКАТ: САРА ПАНОВСКА
РЕЖИЈА И ТЕКСТ: РОБЕРТ РИСТОВ