Алтернатива Настани

Куп во далечинско пливање на Мавровско Езеро

Сподели:

 

На 25.08.2019 на Мавровското езеро ќе се одржи третиот круг од Македонскиот куп во далечинско пливање.

Натпреварите во три возрасни категории за пливачи од 12 до 14 години, од 15 до 17 и над 18 години, ќе започнат во 13 часот на стартот од Маврови Анови, а целта ќе биде во близина на хотелот „Радика” во должина од три километри.

Натпреваривачите ќе се бодуваат според правилата на Меѓународната федерација за пливачки спортови (ФИНА) за трки на отворени води.

Организатори на овој натпревар е Националната пливачка федерација, Општина Маврово-Ростуше, пливачкиот клуб „Охридски бранови”, Кајак Клуб „Бабуна”.

Пријавувањето ќе трае до 25 август и тоа може да се направи на адресата nacionalnaplivackafederacija@yahoo.com.

Сподели: