Во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008 Охрид“ под покровителство на Советот на Општина Охрид, традиционално денеска на Охридското Езеро ќе се одржи 44. Илинденски пливачки маратон.
Стартот на маратонот ќе биде од плажата „Горица 1“, со тоа што помладите стартуваат во 10:30 часот, додека втората група час подоцна. Целта е на Кеј Македонија во Охрид кај хотелот „Нова Ривиера“, а пристигнувањето на пливачите на целта се очекува околу пладне.
Илинденскиот пливачки маратон на Охридското езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.


