Лајка спаси кутре кое паднало во јама 

Сподели

 

По пријава на загрижени граѓани тимот на ЈП Лајка беше да спаси кутре кое паднало во јама. 

Не знаеме колку долго била во јамата, но веднаш по пријавата тимот отиде на терен, нејзината здравствена состојба е добра и ќе одмори малку пред да го помине хуманиот третман во нашето прифатилиште.

И дадовме име Ина мала убава, борбена со голема желба за живот и покрај целиот стрес кој го преживеа таа сепак се радуваше на нашиот тим.Ќе биде објавена за вдомување и се надеваме дека брзо ќе го најде својот дом, информираа од ЈП Лајка.