Вести Македонија Ударни вести

Латас ослободен од обвинението за „Тревник“

Сподели:

 

Драган Павловиќ Латас и неговите двајца браќа се ослободени од обвинението во случајот „Тревник“. Според судијката Марија Клетничка Марковска која го водеше овој предмет, тие не се виновни, бидејќи како што изјави, не сториле кривично дело според закон.

Новинарот Латас и неговите браќа се гонеа од СЈО за градење на три викенд куќи во Зелениково, кои според обвинителството почнале да ги градат во 2011 година, а одобренијата за градба ги добиле во 2013 година.

-За овие објекти постои одобренија за градба од 24 јануари 2013 година, и никој не ги оспорил, рече судијката Марија Клетничка.

Случајот „Тревник“ е еден од двата случаи, заедно со „Топлик“ кој се однесува на даночно затајување, во кој Латас е обвинет од СЈО.

Сподели: