Лазаров со гол во последната секунда од мечот донесе победа над Украина

Сподели

 

Кирил Лазаров со голот постигнат во последната секунда донесе победа од 26:25, за први бодови на Македонија на Европското првенство.

Ракометарите во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот но Украина со добра игра се врати во финишот и на крајот успеа дури и да го израмни резултатот.

Капитенот беше и најдобар стрелец на натпреварот со 7 голови.

„Жал ми е што загубивме, но имаме млада екипа и не е лесно да се игра против искусен состав како Македонија. Тие одиграле многу вакви натпревари и тоа на крајот пресуди. Жалиме за ваков крај, но мора да се издигнеме, бидејќи брзо ќе ни дојде и вториот натрпевар“ рече Бебешко.