Вести Изјави Македонија Статуси Ударни вести

КЕКЕНОВСКИ: Се јави “Херојот во папучи”

Сподели:

 

“Лажеше додека беше на власт, лаже и сега додека со папучи на нозете седи во некој удобен и топол апартман во братската му земја Унгарија и реагира на обвинението покренато за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.
“Херојов во папучи” наместо да собере храброст да се врати дома и да ја сподели судбината со неговите му некогаш верни слуги одработувачи и пред неговите довчерашни судии и обвинители да ја докаже неговата наводна невиност тој се распишал статуси и глуми “девица”.
А тоа што многумина од неговите веќе се на робија, а некои допрва и ке робијаат, за него и не е така битно. Важно е дека се уште е актуелен и од далечина преку партиските му верни челници и другите негови прислужници ги влече конците.
П.С. Се додека во Република Македонија трпиме премиери и лидери кои бесрамно лажат, крадат и остануваат неказнети, а ние им посветуваме внимание и им даваме гласови, се дотогаш нема да станеме нормална држава”.

ФБ статус, Јове Кекеновски

Сподели: