Лажно претставување во име на МВР се шири преку електронска пошта

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека деновиве до одредени граѓани и правни лица од страна на сторител кој лажно се претставува во име на МВР, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе презема соодветни  мерки и активности за законско санкционирање на сторителот.

Министерството за внатрешни работи не користи електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура.

Aпелираме до граѓаните воопшто да не ги отварат овие електронски пораки.