Лекот „Трикафта“ конечно стигна во Македонија

Сподели

 

На Клиниката за детски болести пристигна лекот „Трикафта“, и деновиве ќе започне лекувањето на најкритичните осуммина пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, најави министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната прес-конференција. Тој кажа дека во соработка со сите надлежни институти, се решава најголемото прашање за оваа категорија пациенти.

„Очекуваме дека со оваа терапија значително ќе се подобри квалитетот на животот на пациентите со цистична фиброза. Пациентите се во фокусот на нашата работа и продолжуваме со нашите заложби“, изјави министерот Меџити.