Ленд арт инсталација „Езеро или пластика“

Сподели

Ленд арт инсталација, насловена „Езеро или пластика“, поставена од уметник Адем Сулејманоски е посветена на загадувањето со пластични шишиња на Дебарско езеро и е дел од серијата ленд артови со еколошка тематика кои авторот ќе ги работи оваа пролет во рамки на проектот „ Лeнд арт и креативни акции врз оштетена инфраструктура“.

Секоја година помеѓу 40 и 60 илјади пластични шишиња се слеваат во водите на Дебарското езеро. Овој проблем секогаш е актуелен напролет кога високите водостои на реките и потоците во Дебарско-реканскиот регион носат огромни количини пластичен отпад во езерскиот басен, велат од незивисната уметничка сцена.   Интервенцијата се наоѓа на брегот на Дебарското езеро во близина на селото Косоврасти. Ленд артот е со димензија 8 х 3 метри, и е изработен од камен и мешани материјали.

Идејата на овој ленд арт е да укаже на потребата од регулирање на собирањето отпад и намалувањето на езерото, кое иако има квалитетна вода сепак е преполно со механички отпад каде доминираат пластичните шишиња и друг пловечки пластичен отпад, дополнуваат од независната сцена.

Проектот е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.