Советничката група на Левица гласаше ПРОТИВ техничката исправка со која ќе се оттурнеше патот за изградба на спорниот објект во непосредна близина на Клиничкиот центар.
“Одлуката НЕ ПОМИНА на Совет”, соопштија од Левица.
“Тоа значи дека инвеститорот во овој момент НЕ МОЖЕ да добие градежна дозвола.
Тој дел од градот веќе се гуши во сообраќаен хаос. Дополнителна густина на возила значи блокади, метеж и загрозување на безбедноста.
Монструозниот објект ќе го опструира функционирањето на Клиничкиот центар, во ситуација кога секунди значат живот, не смееме да дозволиме брзата помош да стои во колона.
За време на изградбата ќе настане целосен сообраќаен и урбанистички хаос.
Ќе се уништи историски објект поточно, просториите на весникот Нова Македонија, првиот дневен весник во Македонија. Историјата не смее да биде жртва на приватен профит.
Ова е рак-рана на урбанизмот во Скопје.
Ако централната власт нема намера да го запре овој проект, тогаш наша должност како советници е да застанеме во одбрана на јавниот интерес.
Борбата за хумано и планско Скопје продолжува,” реагираат од Левица.


