Лидерска средба кај претседателот Пендаровски

Сподели

 

Лидерите на политичките партии пристигнаа во вилата Водно каде што се одржува лидерската средба.

Покрај лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, на средбата пристигнаа и лидерите на партиите од албанскиот политички блок Али Ахмети, Мендух Тачи, Биљал Касами, Зијадин Села и Африм Гаши.

Средбата ја свика Пендаровски откако земјата не доби датум за започнување преговори со ЕУ. Премиерот Зоран Заев најави дека во фокусот на лидерската средба ќе биде организирањето на предвремените парламентарни избори.