Пендаровски: Имаме јасен државен консензус дека ЕУ е единствената алтернатива

Сподели

 

,,Нашата држава е по трет пат во слична ситуација. 91 бевме во една слична ситуација кога беше донесена познатата Лисабонска декларација 2008 година, бевме во сличната ситуација кога поради спорот околу името со Грција бевме блокирани на патот кон НАТО и сега по 14 години статус земја на кандидат и покрај исполнетите услови пак сме одбиени, овојпат од ЕУ.

Драго ми е што сите поканети лидери искажаа јасен државотворен капацитет и застанаа зад нашата стратешка определба. Сите заклучивме дека патот кон ЕУ е единствената алтернатива.

Имаме државен консензус, независно од заклучоците на ЕУ самитот, согласност од сите присутни, дека ние немаме проблем со новата методологија, која се бара. Се согласија дека немаат проблем со реверзибилниот процес, бидејќи немаме од што да се плашиме, и сите присутни рекоа дека не за какви било алтернативи за приклучување на процесот. Имаше предлози да не стават во категорија СОСЕДСТВО, но ние сме дел од Европа, и ние не бараме никаква алтернатива, само како полноправна членка на организацијата, изјави претседателот.

По првиот дел од лидерската средба, претседателот Пендаровски најави дека ќе се зборува за втората точка, а тоа се предвремените парламентарни избори и одлуката за тоа кога би се одржале. Додаде дека не е во негова надлежност обврската за предверемени избори, за тоа ќе се одржат, партиите треба да се договорат со консензус. Но, ги предупредил дека откако сите 29 земји членки на НАТО ќе го ратификуваат протоколот, следува ратификација и во нашето Собрание, и да водат сметка избрите да не бидат пречка за дополнително одолговлекување за процесот за влез во НАТО.