Ликовна работилница во ЗОО Скопје во соработка со Кариера.мк

Сподели

 

Утре, сабота, 08.04.2023, во 11:00 часот во Зоолошката градина во Скопје како проект во соработка и организација на  КАРИЕРА.мк, ги очекуваме сите деца на заедничка дружба! 

За прв пат Кариера.мк организира настан за деца со програма која ја подготвија Колибровци, веселите птици од нивното лого, во соработка со Зоолошката градина на Град Скопје.
 
За секој учесник на работилницата ќе има специјален подарок КАРИЕРА.мк боенка а дружењето ќе биде со  музика, игри и креативно боење
 
 
 
 
Зоолошката градина Скопје продолжува со низата едукативни рабоилници, настани и други содржини а во исто време како општествено одговорна компанија додели влезници за настанот на Центарот за згрижувачки семејства