Вести Македонија Ударни вести

Лиле Стефанова се враќа во обвинителството во Радовиш

Сподели:

 

На денешната седница на Советот на јавни обвинители донесена е одлука обвинителката Лиле Стефанова, која во СЈО дојде од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, да се врати во обвинителството во Радовиш, каде претходно работела.

-“За Лиле Стефановска е донесена одлука за престанок на мандатот во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и таа се враќа ОЈО Радовиш”- изјави претседателот на Советот, Ацо Колевски, појаснувајќи дека мандатот од 4 години и престанал на 15 мај 2018 година.

Сподели: