Вести Став Ударни вести

Линија меѓу говорот на омраза и слободата на изразување

Сподели:

Во Кривичниот законик има сосема доволно толкувања и санкции и за омразата и за говорот на омразата и за кривичните дела кои настануваат од омраза. Сепак, секогаш треба да се внимава на балансот што мора да постои помеѓу уставно гарантираното право на слобода на говор и говорот на омраза, пишува „Вистиномер.мк“.

Со последните измени и дополнувања на Кривичниот законик, извршени на крајот од 2018 година, овој главен казнен нормативен акт во државата станува покомплетен за справување на појавите поврзани со омразата. Тој и досега ја нормираше омразата, посебно говорот на омразата, но сега е додадена дефиниција.

Воедно се додадени зборовите „од омраза“ или „ако делото е сторено од омраза“, со што се санкционираат појасно кривични дела кои настануваат како последица од омразата.

Кривичниот законик е доволно „опремен“ со членови кои го санкционираат и говорот на омразата и делата од омраза. Ефектите од вака запретените казни може да се почувствуваат во општеството само доколку обвинителствата и полицијата поефикасно си ја извршуваат работата.

Сепак, секогаш треба да се внимава на балансот што мора да постои помеѓу уставно гарантираното право на слобода на говор и недозволениот говор на омраза, кој потоа може да создаде и криминал од омраза. Слободата на говор не смее да биде загрозена, исто како што и не смее да биде злоупотребувана.

Целата сторија може да ја прочитате на „Вистиномер.мк“.

Сподели: